(ФОТО) Штедливата војвотка Кејт го носи омилениот, стар, труднички фустан

Со тоа заработила уште повеќе симпатии во јавноста…
Кога очите на јавноста се нон стоп вперени во вас, како што се вперени во војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, тешко дека некои детали можат да останат скриени.
Деталите како труднички фустан во кој Кејт е видена неколку пати, не само во оваа бременост, па медиумите веќе го нарекле нејзин омилен труднички фустан.
Но, додека во модниот свет од тој детал би се обиделе да направат мини скандал, кога станува збор за Кејт јавноста повеќе има склоност да ја пофали нејзината рационална, штедлива и „обична“ страна бидејќи зошто да се купуваат нови труднички фустани ако добро ви стојат и оние старите. Од минатата бременост.

10.01.2018. Лондон
10.01.2018. Лондон

„Обичните“ жени обично тоа така и’ го прават, а Кејт повторно покажала дека, иако припаѓа на кралското семејство, сака да остане обична.


19.01.2015. Лондон

Така пред неколку дена, за време на посетата на лондонската Reach Feltham Academy, одлучила да облече труднички фустан кој со задоволство го носела и кога била бремена со Шарлот. За тоа има и докази, кога во 2015. година во Кенсингтон ја посетила хуманитарната манифестација Family Friends.

19.01.2015. Лондон

А, да не мислите дека станува збор за фустан со дизајнерски потпис и висока цена, што обично би била причина фустанот да се носи повеќе пати, всушност, станува збор за фустан кој чини 85. евра и е дел од трудничката колекција на британската модна куќа Seraphine.
Тоа е и причина повеќе што на темата рециклирање на стар труднички фустан, Кејт заработила уште повеќе симпатии на јавноста.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …