(ФОТО) Појавувањето на Морган Фримен на Оскарите ги изненадило гледачите: „Од кога е ќелав?“


МОРГАН Фримен го привлече вниманието на овогодинешното доделување на Оскарите.
Тој излезе на сцената со Маргот Роби држејќи го за рака. Актерот пристигна во црн костум, а на левата рака носеше кожна ракавица. Причината поради која ја носи е донекаде трагична. Имено, Фримен уште во 2008 година доживеа тешка сообраќајна несреќа во Мисисипи и беше тешко повреден при повеќекратно превртување на својот автомобил. Резултатот од таа несреќа е парализа на левата рака. Хирурзите се обиделе да ја спасат раката на Фримен, но оштетувањето на нервите било преголемо.

View this post on Instagram

A post shared by Margot Fãs (@margotbrnews)


Ракавицата Фримен ја носеше и на отворањето на Светското првенство во Катар. Многумина потоа зјапаа во неговата лева рака, која вообичаено вешто ја крие.


View this post on Instagram

A post shared by Oscars (@oscars.2023)


На доделувањето на Оскарите, актерот го привлече вниманието на фановите со сивите мустаќи и ќелавата глава. Имено, Фримен претходно имаше густа седа коса и брада, но сега се потстрижал.
„Дали навистина е ова Морган Фримен?“, „Како е можно да е ќелав?“, „Ќелавиот Морган Фримен е веројатно најчудното нешто што сум го видел оваа година“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот)

„Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот) е јавен настан кој ќе …