(ВИДЕО) Гледачите на Оскар биле шокирани од интервјуто на Ешли Греам и Хју Грант: „Каков кретен“

ХЈУ ГРАНТ налутил  многу гледачи на Оскар откако разговарал со плус сајз моделот Ешли Греам. Греам го интервјуираше актерот кој бил видно нерасположен на „црвениот“ тепих пред самото доделување, а не се ни обидел да сокрие колку не сака да го води тој разговор.
Се’ започнало со (изгледа) недоразбирање на почетокот на разговорот. Манекенката го прашала британскиот актер кој е неговиот омилен дел од доделувањето. „Фасцинантно е. Целото човештво е таму. Тоа е саем на суети“, малку саркастично рекол Хју.
Сепак, манекенката се надоврзала со популарната забава за Оскар организирана од магазинот Vanity Fair. „Да, Vanity Fair е главниот настан, таму мораме да се опуштиме и да се забавуваме“, одговорил по малку сакрастично тој.
„Дали навивате за некого вечерва?“, го прашала Ешли понатаму. „За никој конкретно“, незаинтересирано одговорил тој. Таа потоа го прашала „што носи на наградите“. „Костум“, ѝ одговори тој. Ешли се обидела да го претвори во шега и го прашала кој го изработил оделото. „Не можам да се сетам кој е кројачот“, луто и одвратил тој.


Таа потоа се обиде да преврти сè во филмот Glass Onion: A Knives Out Mystery. Таа го прашала како е да се глуми во тој филм. „Едвај дури и глумам, се појавувам три секунди“, и понатаму луто и одговорил Хју. „Во ред, но… Се забавувавте“, продолжила очајната манекенка. „Речиси“, отсечно одговорил Хју, одмавнувајќи со главата и правејќи гримаси.

Интервјуто налутило многумина
„Ешли Греам беше толку слатка и професионална со Хју Грант во интервјуто… а тој е само кретен“, „Хју Грант е кретен“, „Ми се гади што и направи“, „Каков шкретен“ се само неколку од коментарите на социјалните мрежи.


Фото: Принтскрин/YouTube/ABC

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …