НОБ: Изведба на современата балетска бајка „ПЕПЕЛАШКА“ од Сергеј Прокофјев на 18 март 2023


Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 18 март 2023 (сабота) со почеток во 12.00 часот.

Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија, преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).


Настапуваат: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Љутков: Библиотеките мора да се приспособат, да бидат подостапни за сите граѓани без исклучок

  Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во рамките на Конференцијата на библиотекарите со …