Брендан Фрејзер го доби Оскарот за најдобар актер благодарение на филмот „The Whale“ – трансформативна улога што помогна да ја оживее неговата кариера откако неколку години беше тотално заборавен.
View this post on Instagram
Фрејзер беше еден од петте првпат номинирани во категоријата, што првпат се случи во 1935 година. Тој ги победи Остин Батлер од „Елвис“, Колин Фарел од филмот „The Banshees of Inisherin“, Пол Мескал кој глумеше во филмот „Aftersun“ и Бил Наји од филмот „Living“.
По објавата, емотивниот актер излезе на сцената извикувајќи: „Вака изгледа мултиверзумот!“.
Тој им оддаде почит на режисерот на филмот, Дарен Аронофски и писателот Семјуел Хантер, велејќи: „Ги разголивте своите срца со големина на кит за да можеме да ѕирнеме во вашите души“.
Својот говор го заврши со допирање на неговите рани години во филмската индустрија велејќи дека со овој бизнис започнал пред 30 години, нагласувајќи дека не знаел да го цени својот труд додека не престанал.
Говорот го заврши со заблагодарување на своите синови и на својата „прва другарка“, партнерката Џин Мур.
Улогата на Фрејзер му донесе овации на филмските фестивали во Венеција и Торонто, а признанијата продолжија во текот на есента и зимата. Покрај тоа што ги доби најдобрите критики во кариерата, тој за својата изведба заработи и награда SAG.
Тој во филмот толкуваше морбидно дебел наставник кој се бори да се поврзе со својата 17-годишна ќерка.
View this post on Instagram
54-годишниот актер стана познат во раните 1990-ти со комедијата „Encino Man“ и драмата „School Ties“. Публиката особено го памети по улогите во трилогијата „Џорџ од џунглата“ и „Мумија“. Се појави и во филмовите „Богови и чудовишта“, „Тивкиот Американец“ и „Краш“, а потоа речиси исчезна.
Тој неколку години се повлече од очите на јавноста, справувајќи се со низа лични прашања, вклучувајќи развод, смртта на мајка му, здравствени проблеми и наводен сексуален напад.
After being battered and abused by the industry and blacklisted after being sexually assaulted, Brendan Fraser finally got the highest honor he could in Hollywood. Brendan deserves this Oscar and he deserves an apology from so many. So fucking happy for him. pic.twitter.com/Q1KgBGmuUk
— Max 🥰 (@MaxMaaxMaaax) March 13, 2023
Тој во 2018 година рече дека Филип Берк, шеф на организациското тело на Златните глобуси, Холивудската асоцијација за странски новинари (HFPA), го допирал несоодветно во 2003 година. Фрејзер рече дека инцидентот „го принудил да се повлече“.
Кога главните улоги пресушија, му беше тешко: „Вашето чувство за вредност доаѓа од работата што ја работите или ако сте дури и во можност да ве замолат или поканат да дојдете да го направите тоа“, рекол тој.
Иако последната деценија можеби беше груба, „The Whale“ го врати Брендан во неговата поранешна слава. Од нејзината светска премиера во септември, изведбата на ѕвездата се зборуваше за една од најмоќните во годината, а можеби и најдобрата во неговата кариера.
Фото: Принтскрин/Instagram