Починала легендата на теленовелите: Ѕвездата од серијата „Касандра“ ја загубила долгогодишна битка со опасна болест

Ја видовме во бројни латино серии.
Венецуелската актерка Нури Флорес починала на 81-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, таа ја загубила битката со ракот со кој се борела со години.
Нури беше ѕвезда на теленовела, а нашата публика најдобро ја памети по улогата на Херминија во легендарната серија „Касандра“.

View this post on Instagram

A post shared by Nury Flores (@nuryfloresss)


Актерската кариера ја започнала во 1959 година, а освен во „Касандра“ играла забележителни улоги во сериите „Духот на Елена“, „Слугинката на Менхетен“, „Ангел одмаздник“, „Одмазда“, „Гвадалупе“, „Жена на мојот живот“, „Заробеник на љубовта“, „Љубов моја“ и други.
Нури починала на 10 март 2023 година.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува актерот Драган Довлев

Драган Довлев е роден на 21 јуни 1970 година во Охрид. Тој е македонски театарски, …