„Веќе двапати бев болна, како и моите деца, на оваа австралиска турнеја, но првиот пат успеавме да протуркаме“, рече Пинк (38) на социјалната мрежа. Пејачката ги одложила концертите во Австралија
после заболела од гастритичен вирус, а поради дехидрација минатата недела заврши во болницата.
Една од најголемите поп ѕвезди на денешницата, Пинк, беше примена во болница во Сиднеј, поради што мораше да го откаже својот концерт.
utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
„Правам апсолутно најдобро што можам и можете да верувате или не. Тоа што не се гледа на сликата е како пијам вода и лежам додека сум со пријателите кои се обидуваат да ја забавуваат мојата седумгодишна ќерка додека таа ме испитува зошто некои гаден тип не слика“, пишува Пинк. Пејачката на сите вистински фанови кои биле погодени од откажувањето на концертите им се извинила.
utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Пинк потоа се пофалил со фотка од насмеаниот син, а фановите и посакале да се опорави што е можно поскоро. Некои коментирале дека не може да настапи додека не биде целосно здраво и посочиле дека е грдо што се грижи за луѓето кои ќе ги добијат назад парите за билетите.
Имено, пред да ја започне својата австралиска турнеја “Прекрасна траума” со првиот концерт во Сиднеј, според докторската наредба, Пинк морала да ги откажете ги настапите до понатамошно известување. Пејачката беше примена во болница поради дехидрација, во петокот, каде останала додека се завршат сите преглди по што била пуштена на домашна нега. Концертот во саботата го одржала без никакви проблеми, а само неколку неколку дена подоцна, неколку часа пред концертот што требаше да се одржи – била хоспитализиран поради гастричен вирус. Информациите за откажувањето на концертот и здравствена состојба на пејачката беше објавено на Твитер: “Пинк ќе ја помине ноќта во болницата каде ќе продолжи со лекувањето и заздравувањето,а продолжувањето на турнејата ќе биде објавено подоцна. Пејачката се извинила и лично им рекла на фановите на социјалните мрежи уште во петокот.
UPDATE: Pink was admitted to hospital in Sydney on Sunday night, suffering from dehydration. She was treated and discharged. She was readmitted to hospital today and diagnosed with a gastric virus. Pink will remain in hospital overnight, continuing her treatment and recovery. pic.twitter.com/YDzt6Aheiy
— Live Nation AUS & NZ (@LiveNationOzNz) August 6, 2018
„Поздрав до моите пријатели од Сиднеј. Ме фрустрира што ви носам лоши вести, но денешниот концерт ќе биде одложен. Се надевав дека неколку дена одмор ќе помогнат, но сеуште не се чувствувам добро. Ви благодарам на сите за убавите желби и разбирање. Жал ми е”, пишува таа
непосредно пред концертот.
За жал, ова не е прв пат Пинк во текот на турнеја да се разболи. Во април таа морала да го одложи концертот што требаше да се одржи во Монтреал, а потоа на социјалните мрежи објасни дека целото семејство се разболело.
Пинк од 2006 година во брак со поранешен возач на мотори, Кери Харт (43).