Актерот и фронтмен на бендот ’30 Seconds to Mars’ минатата недела повторно го привлече вниманието со својата ексцентричност.
Џаред Лето (51) во Париз неиспровоциран се качил на надворешниот ѕид на зграда неколку метри над земјата без никаква заштитна опрема.
Случајни минувачи го снимиле и неговиот необичен подвиг го објавиле на социјалните мрежи. „Од каде ја добива таа енергија, дај ми што и да е“, е само еден од коментарите, а повеќето се согласуваат дека Лето сака внимание. Целиот публицитет очигледно добро му дошол бидејќи токму вчера го објави својот нов сингл „Животот е прекрасен“.
Инаку, Лето не е неискусен бидејќи со години се качува. Пред три години тој за малку ќе умрел во Невада, но тоа не го одвратило од неговата страст.
Потоа паднал од карпа додека се качувал во кањонот Ред Рок, а животот му го спасило оштетеното безбедносно јаже, кое веќе било напукнато во еден дел.
Се прослави со улогата на Џордан Каталоно во хит серијата од 90-тите „И тоа е мојот живот“, а глумеше и во филмовите „Фајт клуб“, „Реквием за соништата“, „Одред за самоубиство“, „Блејд ранер 2049“, „Куќата на Гучи“… Доби Оскар за споредна улога во филмот ‘Dallas Buyers Club’.
Своите необични преференции кон Хрватите ги покажа во 2019 година на островот Обоњан кај Шибеник кога организираше тридневен фестивал за стотици следбеници на неговиот култ наречен „Ешалон“. За влезници по цена до 6.000 евра се дружеле со неговиот бенд, а Лето се шетал во бело. Обожавателите го следеле низ островот и тој им „проповедал“, медитираа и вежбале јога, а алкохолот бил строго забранет.
Пред негколку дена беше виден на Ролан Гарос каде повторно го приблече вниманието на себе бидејќи сакаше да седне на своето место за време на играње на еден гем…Очигледно него му е најважно да го привлече вниманието на себе.
Извор: b92.net