(ФОТО) Вистинско чудо во џунгла: По авионската несреќа децата сами преживеале повеќе од еден месец

Четири деца се пронајдени живи во јужна Колумбија, пет недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла, објави колумбискиот претседател Густаво Петро.
Спасувачите со помош на кучиња трагачи пронашле остатоци од овошјето кое децата го јаделе за да преживеат.
Четири деца на возраст од 13, 12, девет години, како и 12-месечно бебе, биле спасени од војската во близина на границата, меѓу провинциите Какета и Гуавијара, во близина на местото каде што се урнала „Цесна 206“.

Во авионот имало седум патници, кои патувале од Аракуара, во државата Амазонас, до Сан Хозе дел Гуавијаре, кога испратиле повик за помош на 1 мај.
Во несреќата загинале тројца возрасни, меѓу кои пилотот и мајката на децата, Магдалена Мукутуј, а нивните тела биле пронајдени во остатоците од авионот. Децата го преживеале падот. Нивното семејство е од локалната автохтона заедница.
Нарсисо Мукутуј, дедо на три девојчиња и едно момче, им изјавил на новинарите дека е среќен кога дознал дека неговите внуци се спасени.


Фотографиите објавени од колумбиската војска покажуваат група војници со четири деца среде џунгла.
„Ова е радост за целата земја. Живи се четирите деца кои беа изгубени во џунглата во Колумбија“, напишал претседателот Петро на Твитер. Тој првично на 17 мај твитнал дека децата се пронајдени, но го избришал твитот и рекол дека информацијата не е потврдена.
„Децата биле цело време заедно, слаби се, да ги оставиме лекарите да ги прегледаат. Најдени се, многу сум среќен поради тоа“, изјавил Петро на новинарите.
Спасувачите со помош на кучиња трагачи пронашле остатоци од овошје што децата ги јаделе за да преживеат, како и импровизирано засолниште, направен од шумска вегетација. Во спасувачката операција учествувале авиони и хеликоптери на колумбиската армија.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …