(ФОТО) Шакира поради него го одбила легендарниот холивудски актер: „Сакаат да поминуваат време заедно“

Блиски извори тврдат дека Шакира и Луис Хамилтон прилично се зближиле откако пејачката била видена на неговата јахта, а се шушкало и дека Том Круз е заинтересиран за неа.
По раскинувањето со Жерар Пике, пејачката Шакира стана вистински улов, а неколку познати мажи погледнаа кон неа. За неа наводно е заинтересиран холивудскиот актер Том Круз, но изгледа дека Шакира не уживала во неговото присуство. Сепак, тоа не било случај со возачот на Формула 1.


Имено, 38-годишниот Луис Хамилтон и Шакира во последно време се многу блиски, а тоа го потврдил и извор близок до нив.
– Сакаат да поминуваат време заедно и моментално се во таа фаза на „запознавање“, која е интересна и флертувачка“, вели изворот.
Гласините за тоа дека тие ќе бидат совршен пар започнаа уште во мај кога пејачката беше видена со него на јахта.

Папараци ја сликаа Шакира (46) додека се качува на јахта пред нејзината куќа во Мајами, на која им се придружија познатиот возач на Формула 1 и неколку пријатели, само неколку часа откако заедно ручале во ресторан. Но, наводната девојка на Луис, 24-годишната Јулијана Нала, никаде ја немало на повидок, судејќи по фотографиите, воопшто не му пречело бидејќи добро се забавувал со Шакира.


Пејачката неодамна беше на Формула 1 трката во Мајами, каде што се натпреваруваше и Луис, а гласините за нив станаа се погласни после тоа.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …