Според странските медиуми, се работи за самоубиство извршено откако во вторникот вечерта на социјалните мрежи напишал „Добра ноќ“.
Младата ѕвезда на е-спортот, Карел „Твистен“ Ашенбренер бил пронајден мртов неколку месеци откако открил дека се борел со депресија и дека бил во психијатриска болница.
Професионалниот гејмер отворено зборувал за својата депресија, а неговиот тим „Team Vitality“ неделава објави дека е тешко погоден од оваа трагедија.
View this post on Instagram
Според странските медиуми, се работи за самоубиство извршено откако во вторникот вечерта на социјалните мрежи напишал „Добра ноќ“.
ТМЗ пишува дека Ашенбренер ја играл тактичката игра „Valorant пет на пет“, а самиот Карел отворено зборувал за, како што рекол, „проблеми во неговиот личен живот“ во февруари. Тој се борел со депресија повеќе од две години и било познато дека се самоповредувал за време на божиќните празници во Прага. Затоа извесно време бил во психијатриска установа.
View this post on Instagram
– После тоа имав нов почеток и успеав да се приберам. Тоа беше најтешкиот период за мене како човек и како професионален е-спортист. Но, после тоа знаев зошто играм игри и што значи мојот тим за мене – изјавил Ашенбренер.
Младиот гејмер ги охрабрил другите да побараат помош, но на крајот не можел сам да се избори со депресијата.
Фото: Принтскрин/Instagram