(ФОТО) Оваа Хонда минала повеќе од 1,6 милиони километри

И покрај спортските мотори со големи вртежи, Хонда се здоби со статус на „нескршлив“ автомобил во текот на 1990-тите, и оваа копија е најдобриот доказ.
Тоа биле години кога, за некои автомобили, редовниот сервис и употребата на оригинални делови биле доволни за долговечност. Тука посебно се истакнале некои јапонски автомобили, но тогаш корејските модели штотуку пристигнаа. Сите ние се уште добро се сеќаваме на неуништливоста на тогашните „Пони“, „Колт“, „Старлетки“ и „Цивик“.


И само еден таков Civic зазема почесно место во изложбениот салон на Honda во Тампа, Флорида. Ова е CRX произведен во 1991. година, кој е во сопственост на салонот од 2015. година, и тие се среќни да го покажат на секој заинтересиран.
Интересно е што автомобилот достигнал рекордна километража во 2015. година, кога гордо било истакнато дека Civic има поминато 1.002.473 милји или нешто повеќе од 1,6 милиони километри. Денес тој има само една милја повеќе, или 1,6 километри повеќе отколку кога пристигнал во салонот.

Зборуваме за автомобил придвижуван од 1,6 бензинец со 106 КС и 132 Nm. Не само што направи неверојатна километража со оригиналниот мотор и менувачот, туку автомобилот може да се пофали и со оригиналниот ентериер. Пред околу 9. години сопственикот ја средувал „каросеријата“ и ја лакирал.
Да кажеме и дека оваа Хонда не се продава, а галеријата со фотографии можете да ја погледнете овде.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …