(ФОТО) Оваа девојка до својата 18. година била потполно ќелава. Одлучила дека тоа нема да ја запре…!

ЕМИ Бурби имала само 17 години кога косата почнала да и паѓа. На 18. годишна возраст, таа останала целосно ќелава.
„Вашата коса и изглед се едни од најважните работи кога имате 17. години, така што навистина беше поразително да ја изгубам“, открила таа за британски Metro.
Еми страда од сериозен недостаток на железо и и било кажано дека тоа е најверојатно причина за губење на косата. Краткорочните лекови и помогнале да и расте косата, но штом престанала да ги зема, косата повторно ќе почнела да и опаѓа. Неа и била дијагностицирана алопеција. Таа се повлекла во себе и се обидела да избегнува да привлекува внимание кон себе. И’ требало време да одлучи дека оваа состојба нема да ја спречи во ништо.


View this post on Instagram

A post shared by The Hair Girl | Alopecia (@itsthehairgirl)


Таа не им кажала на момчињата со кои излегувала за нејзината алопеција.
„Еднаш му кажав на еден дечко, со кого се чувствував пријатно, за мојата состојба. Се чинеше дека е сосема добро со тоа. Но, после тој состанок, никогаш повеќе не ми се јави”, тврди Ејми.
Тогаш оваа девојка го свртела тоа во своја полза. Таа сфатила дека алопецијата всушност може да и помогне да ги исфрли од живот сите оние кои не го заслужуваат нејзиното време.


Нејзиното сегашно момче Чарли ги сака нејзините перики.
„Вели дека тоа е како да излегуваш со различни жени, но со иста убава личност“, додава Ејми, која води профил на Инстаграм преку кој се обидува да им понуди поддршка на другите заболени од алопеција.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …