Блаж Маротов ќе го промовира албумот „Среќа барам“…со популарните летни хитови

Блаж Маротов  по летните хитови, кои кои ни ги подари минатото и ова лето на својата повеќе децениска публика, но и на новите обожавателки и обожаватели,  го објавува своето соло цеде “Среќа барам”, со актуелните забавни хитови. 


Меѓу нив ќе најдете без исклучок седум нежни џентлменски песни, во кои провејува Љубовта како главна тема, медитеранскиот, но и латино дух и пред се духот на македонскиот шлагер и евергрин, на кој овој мултиталентиран уметник е посветен целиот свој живот, преку своите инструменти и својот глас.
Се она што Маротов како музичар, изведувал и како професор по музика  го има стекнато како знаење и искуство во својата богата кариера во изминативе децении, овој пат  посветено го внесе во најновите мелодии, кои  беа хитови кои го одбележаа минатото а и ова лето.
Песната „Роман за нас” минатата година го достигна максимумот во обожаваност  кај публиката, а во чекор ја следеше и латино песната „Бенг, бенг”.


Ова лето со засилено темпо авторот и изведувач ги испеа „Прекрасен ден”, „Налеј една”, „Ти си таа” и „Еј среќо” , но направи и нова верзија на „Не е љубов тоа”.
Песната  „Налеј една”  заедно со песната „Ти си таа”  се веќе хитови на познатото Скопско Скај радио,
на Радио Буба Мара, на Македонско радио-Радио два минатата година одекнува неговите хитови.

Неговите мелодии, во кои на сите инструменти ги точи нотите отсвирени како капки во бистра вода, се лесно прифатливи и му даваат силен печат на целокупната досегашна богата музичка кариера, во земјава и низ регионот. И се вовед во еден уште поголем и позначаен проект со етно мотив, кој ќе ни го претстави наскоро.
ПР тимот на Блаж Маротов, заедно со уметникот, има чест да ја најави оваа дружба на која главниот збор ќе го има неговото цеде „!Среќа барам”.
БЛАЖ МАРОТОВ – „СРЕЌА БАРАМ“


1.Еј Среќо..(2,38′)
-Музика и текст. Горан Стојановски
Аранжман. Благој Маротов
2.Ти си таа.. (3,42′)
Музика и аранжман Блаж Маротов
текст. Цане Трајчевски
3.Роман за нас (3,46′)
Муз.текст и арр.Блаж Маротов
4.Налеј една.. (4,16′)
Музика и аранжман Блаж Маротов
текст Дејан Георгиевски
5.Бенг,бенг.. (3,46′)
Муз.текст и арр Блаж Маротов
6.Прекрасен ден (3,20′)
Муз.текст и арр. Блаж Маротов
7.Не е љубов тоа (4,00′)
Музика и аранжман Блаж Маротов
текст. Ѓеорги Барбаровски


Материјалот е снимен во студио БиМ во периодот Март 2020 до Август 2021
Програмирање и изведба Б.Маротов
Гитари-Бато..
Бас гитари Блаж..
Вокали Џули Маротов, Лена Заткоска-Маротов, Бла­ж Маротов

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …