Парче со мек крој што практично нема структура
Во светот на фармерки и панталони, моменталниот е најпопуларен моделот познат под називот „slouchy jeans“.
Нивниот назив означува мек крој што практично нема структура, а кој не е зцврст и затегнат, туку го релаксира телото.
Станува збор за фармерки со висока половина кои се проширени во пределот на бутовите и завршуваат со рамен крој. Бидејќи не ја следат линијата на телото, туку прилично лабаво паѓаат околу тнего, тие се сметаат за исклучително удобно парче облека.
Можеби ова е причината зошто гледаме многу славни дами во овој модел толку често во последно време?
Тие покажале дека овој модел на фармерки може да се носи во сите прилики – од шетање низ градот до поелегантни вечерни прилики.