(ФОТО) ОВА Е ДЕФИНИТИВНО НЕГОВА ГОДИНА:Што одговорил Бред Пит на прашањето дали на доделувањето на Оскарите ќе ја донесе бившата сопруга број 1.!

На неодамна одржаното доделување на SAG наградите, на кои исто така добил признание за улогата во филмот на Квентин Тарантино, актерот се сретнал со поранешната сопруга Џенифер Анистон, а оттогаш медиумите едноставно не престануваат да пишуваат за нивно евентуално смирување. Тогаш била објавена и нивна прва заедничка фотографија по 15. години.
Сега и самиот актер ја „скокотнал” имагинацијата на многумина, кога на прашањето кој ќе му биде партнер на претстојната церемонија на доделувањата на Оскарите, рекол дека тоа ќе биде „една позната личност”.
Бред Пит рекол дека не чита весници, списанија ниту вести на Интернет, и дека не знае дека го поврзуваат со поранешната сопруга, и додал дека двајцата се добри пријатели. Анистон и Пит биле во брак од 2000. до 2005. година, отприлика до времето кога тој со Ангелина Џоли го снимал филмот „Mr and Mrs Smith”.
Пит подоцна се оженил со Ангелина, а и Џенифер запловила во брачните води со Џастин Теро.Но, факт е и дека двата брака на бившите сопружници пропаднаа – после две години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Аргентинско танго – курс за почетници

Музика е комплетна кога некој игра, влезете во светот на танцување, научете Аргентинско танго. Наместо …