(ФОТО) Откријте сами дали годините оставиле трага на првата „Мис на Македонија“ – Татјана Стојановска?

Првата Мис на Македонија од 1992. година ќе ја памтиме по многу нешта а од денешен аспект ќе ја почитуваме како најдобар и професионален презентер кој со години на малите екрани ни донесува вести…


Поранешната мисица Татјана Стојановска, која младите ја знаат само како ТВ-презентерката Татјана го минувала летниот одмор на Куба. Таа на социјалните мрежи споделила фотографии, а со оглед на тоа што со години е јавна личност и е на ТВ-екраните, не беше тешко да се забележи дека токму тие – годините, ја победиле. Иако не ја изгубила убавината и младешкиот изглед, Татјана наталожила килограми, кои сепак, знае да ги носи.


Татјана беше мис на Македонија во 1992. година, на првиот избор што се одржа во независна Македонија во организација на ревијата Екран.


И, да не биде дека киограмите се нешто најбитно во животот, секогаш ни е пријатно кога Тања ни ги соопштува најновите вести бидејќи тоа го прави на единствен и крајно професионален начин – за јазикот и да не говориме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

‘GOKO’ го издаде својот нов албум

Гордон има 29 години и се бави со продукција на електронска музика повеќе од 10 …