Најголемата музичка ѕвезда на овие простори, легендарниот Здравко Чолиќ, оваа есен ќе одржи голем концерт во Скопје.
После четири години тој ќе го промовира најновиот албум „Оно мало срече“, објавен во декември минатата година, а секако ќе изведе и композиции од неговиот богат опус.
Организаторите „Прагма продукција“ најавуваат дека 10. ноември е датумот резервиран за незаборавна дружба со миленикот на сите генерации. Локација е вип-арената „Борис Трајковски“.
По четири години од последниот концерт во Скопје, публиката во ноември ќе може да ужива во неповторливата ноќ исполнета со безвременските песни и дружење со Чола.
https://www.youtube.com/watch?v=VCmAdzfwNPA
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 1 септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон” и „Цвеќарница Розе” – Веро 2.