(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот изглед без шминка, а обожавателите го пофалија нејзиниот природен изглед.
– Се будам и бројам колку побелени влакна и брчки утрово ја „уништија“ забавата“, напишала 56-годишната актерка со фотографијата која собрала повеќе од 200.000 лајкови.

Во коментарите, фановите и порачаа дека нема причина да се чувствува несигурно за нејзините години и ја опсипуваа со комплименти.


„Салма, забавата само што почнува“
„Дали ссе шегуваш? Жено, ти си совршена“, „Никогаш не си била поубава“, „Убава внатре и од надвор“ и „Салма, забавата допрва почнува“, се дел од коментарите на фановите.
Да потсетиме, обожавателите ја обвинија дека „не личи на себе“, откако објави фотографии на кои позира на балконот од хотелската соба во Кан и се подготвува за црвениот тепих.

„Не личи на себе“, „Мислев дека ова е Ким Кардашијан“, „Премногу ботокс или фотошоп?“, ѝ напишаа тогаш.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …