(ФОТО) ОД РУСИЈА СО ЉУБОВ: Девојче во Шпанија фрлила шише со порака – добила одговор!

Пораката во шишето, фрлена од љубопитното четиригодишно девојче во Шпанија, после помалку од еден месец стасала во раце на еден пар среде Москва. Необичното патување завршило со голема среќа за девојчето…


Четиригодишниата Британка, Тејлор Пауел фрлила порака во шише каде што ги ставила својата фотографија и телефонски број, се во желбата да дознаат каде ќе заврши шишето и дали некој ќе го најде.


Gepostet von Ritchie Powell am Freitag, 7. Juni 2019

„Ако ја пронајдете оваа фотографија, ве молиме да одговорите со ваша фотографија и да напишете од која земја сте“, пишувало во пораката.


 

Дваесет дена по фрлањето на пораката во шише во водите во Санта Сузан во близина на Барселона, таткото Ричи добил порака од младиот пар Саше и Алекс, пишува британски Sun.

Gepostet von Ritchie Powell am Freitag, 7. Juni 2019

Тие напишаа дека шишето го нашле во река во Москва и испратиле фотографија на пораката на Тејлор со порака „Од Русија со љубов”.
„Тејлор е воодушевена што шишето се појавило во Москва. Тоа за неа е волшебно”, рекол Ричи од Вестон-супер-Маре во Обединетото Кралство.
Стручњакот на океани, др. Едриан Нју,рекол дека е можно шишето да биде пренесено низ немирното море на Шпанија, пккрај Шкотска, преку Балтикот и Русија – но дека патот би требало да трае многу подолго.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …