(ВИДЕО) Калифорнија ја погодил нов, 10, пати појак земјотрес: Избиле пожари, тлото уште се тресе

Откако во четвртокот Калифорнија ја погоди земјотрес со јачина од 6,4 по Рихтер, минатата ноќ околу три часот во средно европско време, оваа област имаше уште посилен земјотрес, овој пат со јачина од 7,1 по Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Риџерст, околу 240 милји североисточно од Лос Ангелес.
Како што известува Си-Ен-Ен, во градот била забележана голема материјална штета, а неколку лица биле повредени. Луѓето во паника излегле на улиците, оштетени се куќи, згради и јавни објекти.
“Земјотресот беше десет пати посилен од претходниот ден”, велат сеизмолозите.
Пожарникарите известуваат дека неколку пожари се случиле во градот по земјотресот, но сега сите се под контрола. Поради земјотресот во Лос Ангелес, во некои делови од градот имало прекин на електричната енергија.
Си-Ен-Ен известува дека оваа област била погодена од повеќе од 1.400 потреси на почвата во последните два дена.
Луси Џонс, Калифорниски технолошки сеизмолог (CalTech), изјавила дека земјотресот во петокот бил најсилен во тој регион од 1999. година, кога била измерена и магнитуда од 7.1.


Се закануваат нови, посилни земјотреси?
“Можеме да очекуваме нови земјотреси, а некои ќе бидат посилни од магнитудата 3 по Рихтер. Шансите за земјотреси посилни од пет степени по Рихтер веројатно ќе бидат над 50 отсто”,вели сеизмологот Луси Џонс.
Откако гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом одобрил можност за прогласување на вонредната состојба, тоа го сторил и градоначалникот на погодениот град Ридкрест, Пеги Бреден. Така ја отворила можноста градот да добие помош од надворешни агенции.
Потресите со магнитуда од 6,0 до 6,9 степени по Рихтер спаѓаат во јаки земјотреси, што може да предизвика оштетување на населените места 160 километри од епицентарот. Годишно ги имало околу 120. Скалата на Рихтер или магнитудната скала (MС) е дефинирана со еден број што значи сеизмичка енергија генерирана од земјотресот.
Во споредба со големината на Рихтеровата скала и енергија произведена од човечки експлозии, земјотрес со големина од 5 степени по Рихтер е приближно исто како и експлозијата на атомската бомба во Нагасаки. Магнитудата од 6 степени на Рихтер е приближно еднаква на 1.000.000 тони TNT (еден мегатон) експлозија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …