Фотографиите од снимањето на серијата за принцезата Дијана покажале како таа ужива на одмор со своите деца и љубовникот еден месец пред нејзината смрт.
Започна снимањето на шестата сезона на популарната серија на Нетфликс „The Crown“, а по тој повод се појавија фотографии од актерите од сетот. Имено, Елизабет Дебицки и Калид Абадала ги играат принцезата Дијана и нејзиниот љубовник Доди Ал Фаед.
Актерите биле снимени како подготвувале сцени од одморот на принцезата на југот на Франција во јули 1997. година. Дијана ги однела своите деца, синовите Хари и Вилијам, на споменатиот одмор.
Елизабет неодоливо потсетува на принцезата Дијана и затоа серијата уште поавтентично ќе ги прикаже последните денови од животот на Дијана.
Сцените се снимени во Мајорка, а тие всушност го поминале одморот во Сен Тропе уживајќи на јахтата на таткото на Доди, Мухамед.
Интересно е што Дијана и Доди трагично загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во тунел во Париз само еден месец по овој одмор. Ова дополнително ги подгреа сомнежите и теориите за нивната смрт.
Интересните сцени од серијата „The Crown“ ќе имаме можност да гледаме следната година, додека оваа година на Нетфликс ќе се емитува петтата сезона.
Шестата сезона од серијата „The Crown“ во која ќе ги гледаме овие сцени ќе излезе следната година, додека петтата сезона ќе пристигне на Нетфликс оваа есен.
Серијата ќе ги открие најинтересните детали од животот на принцезата Дијана.
Извор: stil.kurir.rs