(ФОТО) Синот на Џони Деп изгледа како негова КОПИЈА: Живее анонимно, а за него речиси ништо не се знае

Наследникот на Деп бега од очите на јавноста…
Синот на Џони Деп живее далеку од очите на јавноста и не сака да се експонира. Тој е второ дете на Ванеса Паради и Џони Деп и има дваесет години. За разлика од неговата сестра Лили Роуз, малку се знае за него.
Некои шпекулираат дека Џек живее во Франција со својата мајка, бидејќи неколку пати биле видени како заедно шетаат.
Џони Деп еднаш рекол дека Џек е многу талентиран уметник. Тој изјавил и дека нема желба да глуми и да ги следи стапките на својот татко, туку дека има дарба за музика и цртање.
„Мојот син Џек отсекогаш бил многу талентиран уметник. Тој е одличен во цртање. Тој е одличен во музиката. Има добро уво за тоа. Освен училишните претстави и други работи, тој не покажал желба да биде актер”, рекол Џони.

This image has an empty alt attribute; its file name is joni-dep-sin-1-683x1024.jpg


Неодамна папараците го сликале и сите биле изненадени колку Џек личи на Џони. Тој е практично негова копија, но она што ги издвојува е тоа што Џек го мрази Холивуд и сето она што тој го носи со себе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Познати личности кои донирале огромни суми за настраданите во пожарот во Лос Анџелес

Додека пожарите сè уште се шират низ округот Лос Анџелес, оставајќи огромни штети по нив, …