(ФОТО) ОД „ХИТОВИ“ ДО МЕДИЦИНА: Еве како денес изгледа Зоран Ванев!

ЗОРАН Ванев своевремено испеа многу хитови кои со задоволство се пеат и денес. Меѓу нив најпозна е „Јужна пруга“, а тука се „Лила“ и „Моника“. На врвот на кариерата ја напушти сцената, а денес со семејството живее во Швајцарија и работи како доктор по природна медицина.
Зоран кариерата ја започна далечната 1993. година во Македонија. По големите хитови кои го прославија, популарниот пејач со македонско потекло реши да издаде албум и за српскиот пазар, кој доживеа голем успех.

Меѓутоа, во време кога неговата кариера беше на нагорна патека, тој реши да се пензионира бидејќи сфати дека естрадниот живот сепак не е за него.



Ванев се уште се занимава со музика, но не толку активно, бидејќи настапува и оди, како што вели, само каде што сака. Во последните четири години неговата главна професија е нешто сосема друго. Како што открил, дипломирал на Природно-медицинскиот факултет и станал признат доктор по природна медицина во Швајцарија.

Судејќи по фотографиите кои ги објавува на својот Инстаграм профил, Зоран и понатаму изгледа речиси исто како во времето на неговата најголема популарност.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …