(ВИДЕО) МОМЧЕ САКАЛО ДА се ПРОСЛАВИ И ДА ДОБИЕ 5, МИНУТИ СЛАВА: Водителката се свртела и со една реченица му ги уништила соништата!

Од памтивек, луѓето се стремат кон некаква популарност. Додека едни се прославиле со својот талент или достигнувања, други избрале некои „покреативни“ начини, а еден од нив, со доцното појавување на телевизија, е да се влезе во кадар додека се прави пренос или известува од терен.
Тоа на виновникот или падобранецот му донесувала „инстант слава“, но се според максимата „дај што ќе дадеш“. Во ерата на интернетот ова го достигна својот максимум бидејќи сите сакаат да станат вирални.
Едно момче станало вирален хит откако неуспешно се обидело да дојде до своите пет минути слава.
Репортерката на „ТВ Фокс“, Жаклин Матер, објавила кратко видео од едно од нејзините јавувања од терен на кое се гледа како момче се појавува зад нејзиниот грб и почнува да вреска мислејќи дека ќе заврши на телевизија.

This image has an empty alt attribute; its file name is voditelka-i-gostin-1.jpg


„Не одиме во живо“, кратко одговорила репортерката, по што момчето малку разочарано и тивко си заминало.
Жаклин видеото го споделила на Твитер, па момчето станало хит, но на социјалните мрежи, а не на телевизија, како што планирал.
Многу корисници на Твитер се насмеале на ова видео, а неколку и упатија комплименти на новинарката за тоа како брилијантно реагирала.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува актерката Драгана Костадиновска

Драгана Костадиновска е родена на 10 декември 1983 година во Скопје. Таа е македонска театарска, …