Познатата актерка починала по долга и тешка битка со ракот на дојката…
Мелани Кларк Пулен, која на јавноста и е позната по улогата во серијата „EastEnders“ во која ја глумеше внуката на Полин Фаулер, Мери Флеерти, починала на 46-годишна возраст, по двегодишна борба со ракот на дојката.
На Мелани во јануари 2019 година и бил дијагностициран рак, а оттогаш започнала нејзината борба против свирепата болест, која за жал ја загубила на 29. март.
View this post on Instagram
Иако во 2020. година ги извести сите дека успеала да победи, за жал само неколку месеци подоцна се покажало дека туморот се појавил на мозокот. Таа секој ден ја споделувала својата борба со своите придружници, но сепак не успеала да победи по втор пат. Мелани зад себе остави сопруг и три деца.
Фото: Принтскрин/Instagram