(ВИДЕО) Актерот успеал да побегне од огнената стихија скокајќи низ прозорецот

Мигуел Еран, ѕвездата на серијата „La Casa de Papel“ го избегнал пожарот скокајќи од прозорецот на својот дом.
Актерот на Инстаграм објави видео од пламенот како го зафати неговиот стан. За да се спаси морал да скокне од прозорецот од спалната соба.
Имено, во текот на ноќта во неговата куќа во Авила, Шпанија избувнал пожар и му го уништил станот. Шпанскиот актер, кој е најпознат по улогата на Рио во серијата на Нетфликс, плаче на видеото и извикува: „Не ми се верува“.
Иако пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, Мигел открил дека во пожарот бил уништен голем дел од неговиот дом, како и речиси сите негови лични работи.


Мигел за локалните медиуми изјавил: „Пожарот започна додека спиев, се разбудив од звукот на оганот што ја зафати мојата куќа. Избегав низ прозорецот од мојата соба“.
Авила е град кој се наоѓа на околу 100 километри северозападно од главниот град Мадрид. Засега не е јасно што го предизвикало пожарот во станот на младиот актер.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …