(ВИДЕО+ФОТО) Водата мирува но не и тој: Ѓоко Ѓорчев сними спот за својата омилена песна!


Не бадијала го викаат македонскиот Том Џонс, се знае на кого мислиме – Ѓоко Ѓорчев!
Тој, како што често истакнува и умее да нагласи е голем фан на Том Џонс, а неодамна сними и една негова песна „ILL NEVER FALL IN LOVE AGAIN“, и не е чудно ако се каже, нели, дека тоа е една од омилените песни на нашиот Том Џонс, Ѓоко Ѓорчев.

This image has an empty alt attribute; its file name is gjoko-spot-2.jpg
„Оваа песна мора да има спот“, рекол Филип Стевановски, долгогодишен соработник на Ѓорчев, и кажано сторено.


Пред неколку дена во салата во Домот на културата беше снимен спот – без глумци, без дополнителни ефекти – туку само со Ѓоко…И, мора да признаеме дека се согласуваме со одлуката акцентот да биде ставен на песната и изведувачот – Ѓоко Ѓорчев.

„Мило ми е што оваа песна ќе добие и видео запис бидејќи нејзината изведба ме прави посебен и кај мене донесува неколи необјасниви чувства. Работата со Филип, односно ‘Фис продукција’ беше беспрекорна и очекувам моите фанови наскоро да го видат овој уникатен спот“, ни рече Ѓорчев.
До објавувањето на спотот ви ја донесуваме тонската верзија на „„ILL NEVER FALL IN LOVE AGAIN“ со Ѓоко Ѓорчев.


Фото: Филип Стевановски/„Фис продукција“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На 43 години, и три родени деца, изгледа како ДЕВОЈКА: Ја сметаат за СОВРШЕНО УБАВА, но многумина не знаат дека е ОД ЕВРОПСКО ПОТЕКЛО

– Омилената партнерка во двојки на Новак Ѓоковиќ импресионирала со својата природна убавина – На …