(ФОТО) Од човек КАРПА до „ЗАГРЕАНА ПИВТИЈА“: Арнолд Шварценегер своевремено важеше за најзгодниот маж на светот, а новата фотографија ги шокирала фановите

Арнолд Шварценегер беше еден од омилените актери, кој ги освои срцата на публиката преку филмовите „Конан“, „Терминатор“, „Херкулес“ и многу други, но по неговата совршена фигура воздивнуваа и жените.
Тој важеше за најзгодниот маж на планетата. Но, годините си го направиле своето за што говори и новата фотографија на легендарниот актер која ги разочарала фановите. Веќе не ни личи на убавиот „терминатор“, бидејќи е целосно запуштен, па многумина коментирале дека изгледа како „загреана пихтија“.

Пред две недели Арнолд Шварценегер учествуваше во верижен судир во Брентвуд, Лос Анџелес, во кој една жена беше повредена. Неговата ПР служба потоа веднаш реагираше и излезе со соопштение во кое се наведува дека легендарниот актер е добро и дека нема повреди.


Актерот има 74. години и се уште е активен во глумата, а во една прилика легендарниот Робин Вилијамс изјавил дека Арнолд Шварценегер играл во многу филмови, но во нив зборувал помалку од кој било актер, единствено можеби не од Леси.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …