(ФОТО) Обожавателите брутално го исмејуваат Роналдо поради новата фризура!

Јасно е дека Роналдо, како еден од најуспешните фудбалери на светот има пристап до најдобрите фризери и стилисти, па на неговите фанови никако не им е јасно зошто во финалето на Лига на шампионите се појавил со доста чудна фризура.
Напротив, многумина се сложиле дека косата на Роналдо им пречела во следењето на натпреварот бидејќи не можеле да се концентрираат на фудбалот.
Славниот фудбалер на теренот се појавил со локни чии врвови биле руси.
Иако се чини дека нему фризурата му се допаѓа, фановите добро се забавувале коментирајќи ја неговата коса на Твитер и обидувајќи се да откријат зошто си го направил тоа.
„Кристиано Роналдо им 33. години, а се шиша на лонец и става руси прамени“.


„Не можам да се концентрирам на натпреварот бидејќи премногу сум преокупиран со размислувањето што, по ѓаволите,Роналдо си направил со косата“.



„Роналдо прамените ги обои во руса боја, ова е крај за Ливерпул“.


„Роналдо, Тимберлејк од ерата NSYNC-a си ја сака својата коса назад“



„Поради оваа фризура навивам за Ливерпул“.
„Би помислиле дека Роналдо може да си обезбеди добар фризер“.


„Кој и да е одговорен за косата на Роналдо, би требало добро да се замисли“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …