(ФОТО) Наташа Беквалац после еден месец конечно се појавила во јавност а Лазукиќ не смее да и пријде!

„Сите сме со тебе, запамти го тебе“ и пишувале обожавателите кои ја коментирале фотографијата, охрабрувајќи ја. Пејачката некое време не се појавувала во јавност а сега објавила фотографија со ќерката Хана и коњ…
После повеќе од еден месец пејачката, која во приватниот живот доживеа трагедија, Наташа Беквалац (37) објавила фотографија на социјалните мрежи.
„Најмал допир би можел да каже илјада зборови, ти благодарам Балерина“, напишла Беквалац во описот на фотографијата на која позира со својата ќерка Хана и коњот.
Фотографијата е направена во Петроварадин, во Србија.


„Сите сме со тебе, запамти го тебе“ и пишувале обожавателите кои ја охрабрувале.
Пред десетина дена првото основно обвинителство во Белград до судот поднело предлог обвинение против нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ (37) кој го товари дека извршил семејно насилство над сопругата. Ако се докаже обвинението би можел да оди во затвор на три години. Исто така му ја продолжиле мерката забрана на приоѓање и комуникација со сопругата, која веројатно ќе потрае до завршување на процесот.
Да потсетиме, пејачката во средината на април го обвинила сопругот за претепување, а тој тие обвинувања ги порекнува и дури и’ се заканил со тужба за клевета. Тој тврди дека модринките ги добила од масажи.
Инаку, Лука Лазукиќ моментално е во Атина, Грција, а ако не се врати во закажаниот термин против него ќе била издадена потерница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …