Во издание на „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“:Објавен романот „Долгата суша“ од Кинан Џонс

Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје, неодамна го објави романот „Долгата суша“ од велшкиот писател Кинан Џонс, во превод од англиски јазик на Дарко Цветаноски.
За својот прв роман „Долгата суша“ (2006) Кинан Џонс е добитник на наградата „Бети Траск“ на британското Здружение на писатели.
Во романот е раскажана современа приказна за фармерот Герет и неговото семејство, кои со љубов и емотивна грижа им се посветуваат на домашните животни.
Сочувствителна, но не и сентиментална, оваа извонредна книга на Кинан Џонс го обработува парадоксот на емотивната изолација кај оние кои живеат блиску еден до друг, со спротивставените и испреплетени потреби и сè поголемиот јаз меѓу себе.
Кинан Џонс (1975) е еден од најактуелните современи велшки писател. Во 2013 година влезе во потесен избор за наградата за најдобар расказ на „Сандеј тајмс“. Неговиот последен роман, „Копање“ (2014), беше прогласен за книга на годината во Велс во 2015 година и ја доби наградата Jerwood Fiction Uncovered.
Неговите дела се преведени на повеќе јазици, меѓу кои на француски, германски, италијански, шпански, португалски, турски, арапски и др. Во 2017 година романот „Копање“ беше објавен на македонски јазик од „Македоника литера“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …