Странските медиуми не престануваат да пишуваат за наводната нова романса.
Пред извесно време медиумите пишуваа дека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит е во нова романса, а сега Анџелина Џоли (47) се чини дека е во нова врска. Актерката е сликана со актерот Пол Мескал. Интересно е што младиот Мескал (26) неодамна ја раскина свршувачката со пејачката Фиби Бриџерс.
Анџелина и Пол се сликани како пијат кафе заедно, во друштво на ќерката на Анџелина, Шајло, откако актерката го гледала Пол во претставата „Трамвај наречен желба“.
Angelina Jolie & her daughter had coffee last night with Paul Mescal after seeing his play ‘A Streetcar Named Desire’. pic.twitter.com/HLZOkoRz74
— ✨RAQ✨ (@THENAGODOFWAR) December 30, 2022
Фото: Instagram