(ВИДЕО) Трогателната реакција на објавата за бременост на парот стана вирална

ГРУПА пријатели се собрале пред новогодишна елка за да направат забавна празнична фотографија. Фотографот одбројува: „3, 2…“ но наместо 1 вели: „Тија е бремена!“ Видеото се одзумира во забавена снимка за да ги прикаже изразите на радост, возбуда и шок на лицата на толпата. Џордан и Тија Ли велат дека има слатка приказна зад видеото, кое собра повеќе од 25 милиони прегледи на TikTok.
„Некое време го имав на ум. Мислев дека ќе биде навистина смешно ако го забавиме видеото и ги зумираме сите вакви реакции. Ја чекав вистинската можност и кога ја добив, го направивме тоа“, изјавил 29-годишниот Џордан за Today.

@thejordanlee


Hilarious 👏🏽🤣

♬ original sound – Jordan Lee 🎄


Двојката била мотивирана да создаде незаборавна најава за бременост бидејќи во последните две години се бореле со неплодност.
„Многумина кои минуваат низ неплодност се изолирани и осамени. Мислев дека е важно да го споделам ова и да покажам дека навистина не сме сами“, додала Тија.


View this post on Instagram

A post shared by T I A H ✨ (@tiahlee)

Не очекуваа дека видеото ќе стане толку популарно, а сега се насочуваат кон подготовките за доаѓањето на новото бебе кое во светот треба да пристигне на 25 мај.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …