(ФОТО) Нов скандал: Објавени разголени фотографии од Меган Маркле !

Иако со својот шарм и убавина идната принцеза Меган Маркле освојува каде и да се појави, британските таблоиди и жолтиот печат не сакаат да ја остават на мир.
Денес е доста „бурно“ во кралското семејство и тоа поради фотографиите кои се појавиле на социјалните мрежи, и кои со брзина на светлина ја обиколиле планетата.


Станува збор за разголени фотографии на убавата Меган, очигледно настанати за време на едно од нејзините летување на некоја од егзотичните дестинации.

Меган во топлес ја шокирала британскта јавност и веднаш започнале гласините и исмејувањето:
„Идна принцеза? Навистина?“ се само некои од коментарите на Твитер.
И’, додека во јавност, т.е. оние кои не се воодушевени со идната сопруга на принцот Хари, се насладуваат и едвај дочекале ваков скандал, ги има и оние кои сметаат дека не гледааат ништо лошо во ваквите фотографии, бидејќи е очигледно дека некогашната глумица се сликала на терасата на хотелот каде отседнала, или можеби дури и приватна куќа во потполно опуштена атмосфера.
Во секој случај, веруваме дека британското кралско семејство ќе има што да изјави по повод сето ова, па останува да видиме.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …