(ФОТО) Никаде нема мир: Обожавателите го следат во чекор

Пирс Броснан и остатокот од екипата за филмот „Мама миа“, на островот Вис, во Хрватска, секој слободен момент го користат за прошетка по местото но често ги запираат обожаватели, за заедничко фотографирање. Глумецот, велат, не е воодушевен од таквата состојба…
Ирскиот глумец Пирс Броснан (64) на островот Вис е под окупација на обожавателите па ниту утринското кафе не може да мине без некој да го праша за заедничка фотографија.
Броснан и неговиот колега, Енди Гарсиа (61) се дојдени на Вис да го снимаат вториот дел од мјузиклот „Мама миа“. Таму, секако, се исчекува и доаѓањето на главната глумица Мерил Стрип (68).
Пирс Броснан и остатокот од екипата за филмот „Мма миа“, на островот Вис, во Хрватска, секој слободен момент го користат за прошетка по местото но често ги запираат обожаватели, за зедничко фотографирање.Глумецот, велат, не е воодушевен од таквата состојба…Се надевал дека ќе може да ужива во анонимност, а не да го „опседнуваат“ во кафулето, на фризер па и на плажа, но и кога со сопругата Кели Шеј Смит (54) се качувал на јахтата…

На Вис пристигнала и глумицата Аманда Сејфрид (31) со сопругот и ќерката.Се сликала на стар воен автомобил. Таинствениот Гарсиа отишол да се бања во една увала, но и таму го пронашле…
„Тешко е да се избега на вака мал остров“ рекол некој од мештаните…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …