(ФОТО) Семејството на Жељко Јоксимовиќ побогато со две ќерки: Гордиот татко ги објави нивните имиња

Уште од моментот кога беше познато дека сопругата на популарниот Жељко Јоксимовиќ е бремена и дека носи близнаци беше објавено дека бебињата ќе се родат во октомври.
Водителката Јована Јоксимовиќ се породила синоќа, малку пред полноќ во болница во Белград и на свет донела близначки, а гордиот татко, пејачот Жељко
Јоксимовиќ ја споделил веста на социјалните мрежи и открил како се викаат
девојчињата.
Јована и Жељко одлуција нивните ќерки да ги крстат Ана и Срна.


„Светот од денес е побогат за две девојчиња, Ана и Срна. Добредојдовте драги
наши принцези“ напиша Жељко на Твитер а фановите веднаш им честитаа.


Двојката веќе го има синот Коста, а Жељко од првиот брак и ќерка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од …