(ВИДЕО+ФОТО) Тошо Малерот се врати од Австралија да гласа: Дали се подготвува нова „К-15“?

Тошо Малерот се врати дома, а на аеродром го пречекал Миле Паника…

Пред неколку години Васко Тодоров се пресели во Австралија, каде што се ожени. Но, македонската јавност оттогаш го очекува неговото враќање и новата средба со Бубо Каров и Бранко Огненовски и можеби (се надеваме) некоја нова „К-15“ серија.



Оваа желба можеби и ќе ни се исполни, бидејќи Тошо се врати во родната земја, а Бранко објави фотографија од неговото пристигнување и веднаш се пошегува „Дијаспората дојде да гласа“.


Останува само уште Цацко да најде време (со оглед на новите ангажмани) и’ повторно да не „приковат“ покрај малите екрани како што тоа и порано го правеа со „К-15“ кога улиците се празнеа при емитување на секоја нова епизода.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …