(ФОТО) Неверојатна трансформација на Џони Деп: Тешко препознатлив поради нова улога!

Некои детали од снимањето јавноста успева да дознае благодарение на објавите на социјалните мрежи кои повремено ги објавуваат членовите на филмската екипа…
Холивудскиот глумец Џони Деп (55) кој моментално во Белград, Србија, го снима филмот „Минамата“ во кој ја игра главната улога успешно ги одбегнува новинарите и фото-репортерите. Тајновитоста и максималното ниво на заштитената приватност на глумецот и сите учлесници во проектот дополнително ја зголемува љубопитноста за овој филм.


Некои детали од снимањето јавноста успева да дознае благодарение на објавите на социјалните мрежи кои повремено ги објавуваат членовите на филмската екипа.
Овојпат е забележано како изгледа ликот кој го игра Џони Деп, фоторепортерот Вилијам Јуџин Смит.


Можеме да видиме една од најголемите трансформации на една од најголемите ѕвезди на денешницата. На една фотографија покрај Џони е и познатиот британски глумец Бил Нај.
Со објавените слики, продуцентот на филмот напишал:
„На сетот на филмот ’Минамата’, чија продукција ја работам. Џони Деп го глуми познатиот фото репортер и ја пренесува приказната на неговиот херојски напор да го запре труењето со жива од фабрика во гратчето Минамата во Јапонија. Чувствувам дека е тоа моќна приказна која треба да се раскаже имајќи ги во предвид денешниот свет и многу предизвици кои имаме со животната средина“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …