(ФОТО) Како манекенка заработувала милиони а денес е бездомничка: Страшен крај поради љубовта кон сопругот!

„Само два дена откако го запознав бившиот маж,сакаше да му купам BMW,а јас глупава му потпишав чек. Бев вљубена“, се потсетила Настасиа Урбано на својата лекомисленост.
„Сакам да живеам а не само да преживувам. Уморна сум од преживување и барање пари“, раскажала Настасиа Урбано (57) за Daily Mail.
Како 20. годишна Урбано во 80. ттите била една од најбараните и најплатени манекенки. Позирајќи за насловните на „ВОГ“ се здобила со светски углед што и овозможило да работи и во Европа и по Америка.


„Работев за сите магазини, сите ме сакаа. Заработив милион долари во една година, а таа година работев само 20. дена, во три или четири наврати“, раскажала манекенката.
Иако некогаш била славна, денес е бездомничка. Вели дека животот и се променил откако го запознала мажот кој и станал сопруг и со кого добила деца.
„Го финансирав нашиот животен стил, а тој ме остави само со облеката на мене“, раскажала Урбано.


Додела и дека единствените добри работи од односот со мажот и се децата додека се друго станало многу ужасно.
„Се плати со мои пари. Само два дена откако го запознав сакаше да купи BMW, а јас, глупава, му потпишав чек. Бев вљубена“, се потсетува Настасиа на својате лекоумност.
После разочарувањето заболела од депресија, а вели дека низа станодавци ја исфрлиле од станот бидејќи не можела да плаќа кирија.
Понекогаш спие на софите на своите пријатели, а кога на сака да им биде товар, често оди во предворјата на банките во кои автоматизираната врата на корисниците им овозможува пристап до банкомати.


„Сакам децата да ме видат во поинакво светло. Сакам да се опоравам како личност за да се гордеат со мене“, раскажува Урбано.
Настасиа својата модна кариера ја започнала во Барселона за да подоцна како модел за врвни брендови работи за Ревлон и Ив Сент Лорен.
Откако слушнале за нејзината моментална ситуација група бивши колеги одлучиле да направат се што можат да направат за да ја „кренат на нозе“.

Бившата манекенка Рут Шулер вели дека останала шокирана кога видела како и живее некогашната колешка.
„Никој не го очекуваше тоа. Нас не третираа како принцези, а неа како божица. Не го заслужи ова“, раскажала Шулер, која на Настасиа се присетува како интровертна, многу убава и великодушна личност.
„Штом разговараме со неа и знаеме како и што и треба ќе и помогнеме. Ни се придружуваат повеќе колеги со желба да и помогнат“. раскажала Рут.

Бившиот колега на Настасиа, Хернандо Херера е убеден дека Урбано може уште многу да и даде на модата.
„Барам фотографи и агенции за да Настасиа може повторно да работи и нормално да живее. Жал ми е што порано не дознав за целата ситуација“, раскажал Херера.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …