Актерот Хоакин Феникс го напуштил интервјуто откако новинарот од англиски „Телеграф“ го прашал дали смета дека неговиот нов филм „Џокер“ може да ги инспирира токму луѓето за кои станува збор во во филмот, со потенцијално трагични резултати.
Прашањето го изненадило Феникс и тој не знаел што да одговори.
„Зошто? Зошто би? Не не“, мрморел актерот, и си заминал.
Еден час подоцна, откако преговарал со агентот, тој се вратил да го заврши интервјуто, извинувајќи се дека го фатила паника бидејќи не очекувал таква работа или не размислувал за тоа.
Во филмот, Хоакин го игра Артур Флек, осаменик со неуспешна кариера како комичар кој живее со болна мајка. Hollywood Reporter пишува дека две сцени се прилично застрашувачки. Во едната Флек убива колега пукајќиму во лице, а во другата неговите следбеници прават хаос.
Екран.мк/People