(ВИДЕО+ФОТО) МОЌЕН ГОВОР – ТИНЕЈЏЕРКА ги испрозивала СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ па добила громогласен аплауз:„Луѓето страдаат и умираат а вие зборувате само за пари – Како се осмелувате,не издадовте и младите тоа го сфаќаат!“

Тинејџерката и активистка, Грета Тунберг, го отворила Самитот на ООН за климатски промени со говор што привлекол огромно внимание од присутните и големи овации! Таа налутено ги прашала светските лидери како се осмелуваат да ја уништат климата и да не се грижат за животите на милиони луѓе кои умираат од ефектите од климатските промени.


“Ова не е во ред. Не треба да бидам тука, туку на училиште од другата страна на океанот.Но,сите вие доаѓате во нас младите да побарате надеж. Како с еосмелуате? Ми ги украдовте соништата и детстовто со празни зборови. А, сепак, јас сум една од посреќните.Луѓето страдаат! Луѓето умираат! Целиот екосистем не успева. Ние сме на почетокот на масовно истребување и се’ за што можете да зборувате се пари и бајки за вечен економски раст. Како се осмелувате? “, рекла оваа девојка.


Таа го свртела вниманието на фактот дека научниците одамна предвидоа еколошки последици врз животната средина,а и покрај тоа политичките елити тврдат дека ги „слушнале“ активистите за животна средина не реагираат. Сепак, таа додала, дека не сака да верува дека тие се зли.

Тунберг го сврте вниманието кон огромните емисии на јаглерод диоксид и ги прашала светските лидери „како се осмелуваат да се прават дека сè може да се реши со бизнис, како и обично, и некои технички решенија?“

„Вие не изневеривте. Но, младите луѓе почнуваат да го сфаќаат вашето предавство. Очите на сите идни генерации се вперени кон вас!“, им порачала оваа девојка.

Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …