(ФОТО) НЕГОВАТА МАЈКА РЕКЛА: „Родив чудовиште!” Сега тој е најсреќниот човек на светот!

Џон денес има 36. години и е многу среќен човек. Сепак, неговиот живот немал добар почеток
Кога неговата мајка била бремена, никогаш не се посомневала дека ќе роди дете кое ќе биде сосема поинакво од другите луѓе.
Бебето го видела само еднаш на породување пред да го напушти породилиштето во солзи, оставајќи зад себе дете родено со „Тричер Колинс“ синдром. Оваа болест се јавува еднаш во педесет илјади бебиња. Болеста се изразува во отсуство на некои ситни коски на лицето, деформитет на ‘рскавицата и мускулите на лицето.
Бидејќи никој не дошол да го земе детето, го однеле во дом за сираци.
Џон Ланкастер го поминал своето детство во згрижувачки семејства и во сиропиталиште. По неколку години, една жена решила да го посвои. Но, тоа не му помогнало на момчето да се прифати себеси и своето лице.

View this post on Instagram

A post shared by Jono Lancaster (@jonolanc)


Дури на 19-годишна возраст, тој конечно нашол сила да се сака себеси благодарение на љубовта и поддршката од семејството и пријателите.
„Мајка ми е неверојатно натчовечко суштество со најголемо срце и таа е секогаш тука за мене. Имам прекрасни пријатели и голема поддршка. Тие никогаш не престанаа да ме сакаат и да ме поддржуваат”.
Денес, Џоно е возрасен, зрел човек кој се обидува да води нормален живот. Никогаш не бил во искушение да ги бара своите родители, бидејќи мислел дека не ги интересира неговиот живот.


View this post on Instagram

A post shared by Jono Lancaster (@jonolanc)


Овој неверојатен човек создал живот што може само да го посака: опкружен е со голем број пријатели кои тврдат дека секогаш е подготвен да помогне во тешките периоди од животот.
Џоно нашол сродна душа во својата најдобра пријателка, со која се оженил и кој му родила две деца: син и ќерка. Синот е потполно здрав, додека за жал, другото бебе пристигнало со истата болест која ја има Џоно. Сепак, родителите се сигурни дека ова дете ќе има среќен и долг живот бидејќи секогаш ќе стојат покрај него.
Во 2017. година, Џоно, заедно со двајца негови најдобри пријатели, ја основал добротворната организација Love Me Love My Face – која им нуди поддршка на оние кои живеат со разлики на лицето ширум светот, како и помош со медицински материјали и операции.
Тој денес е многу среќна и задоволна личност.

View this post on Instagram

A post shared by Jono Lancaster (@jonolanc)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …