(ФОТО) „НЕ ЗНАЕТЕ НИЗ ШТО ПОМИНАВ“: Пријанка Чопра Џонас објаснила зошто таа и нејзиниот сопруг се одлучиле за СУРОГАТ МАЈКА

Во најновото интервју актерката си ја отворила душата и го опишала својот пат до родителството
Пред точно една година Пријанка (40) и нејзиниот сопруг, музичарот Ник Џонас (30) изненадија многумина со тоа што објавија дека станале родители. Девојчето го крстиле Малти. Според Вог, не сите вести биле дочекани со воодушевување, некои од коментарите биле негативни, имало и луѓе кои шпекулирале дека Пријанка „изнајмила“ матка на друга жена како и дека таа самата не сакала да ја изнесе бременоста, од суетни причини.

View this post on Instagram

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)



Иако и понатаму сака причините за ваквата одлука да останат приватни, таа сепак во едно интервју го кажала следното:
– Имав медицински компликации. Ова беше неопходен чекор и многу сум благодарна што бев во позиција да го направам тоа. Нашата сурогат мајка беше толку дарежлива, љубезна, прекрасна и забавна, а за овој скапоцен подарок за нас се грижеше шест месеци, рекла таа. Бев многу заштитнички настроена кон ова поглавје од животот со ќерка ми. Затоа што веќе не е само мојот живот, туку и нејзиниот.

View this post on Instagram

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)


Малти е родена предвреме, на само шест месеци, па морала да помине 3 месеци во болница.
– Беше толку мала, помала од мојата рака, се присетува Пријанка, видов што прават медицинските сестри на одделот за интензивна нега. Тие ја вршат Божјата работа. Ник и јас стоевме покрај неа додека ја интубираа. Не знам ни самата како го пронајдоа тоа што го бараа во нејзиното ситно тело, да ја интубираат.
Конечно, актерката имала порака до сите што шпекулираат за нејзината одлука да стане мајка на овој начин:
– Не ме познавате, не знаете низ што поминав. И само затоа што не сакам јавно да ја објавам мојата медицинска историја или мојата ќерка тоа не ви дава право да измислувате причини, била јасна Пријанка.


View this post on Instagram

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

-Почнав да се кријам кога луѓето зборуваат за мене, продолжила таа, но многу е болно кога зборуваат за мојата ќерка. Помислувам да ја „чувам далеку од сè“. Знам како се чувствував држејќи ги нејзините мали раце додека се обидуваа да и ги најдат вените. Така што, не – таа нема да биде трач, ја завршува својата исповед Пријанка.

View this post on Instagram

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

View this post on Instagram

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва на манифестацијата „Од нула до култура“ настап на бендот „The Flames“ со tribute на Red Hot Chilli Peppers

Во рамките на манифестацијата „Од 0 до култура“, вечерва на Камената бина во Прилеп, со …