(ВИДЕО) БРЗ ДЕСЕРТ – Овој рецепт за колач со банани и Нутела стана вирален хит

Декоративен, вкусен и пред се едноставен колач, кој може да се послужи како појадок, десерт и празничен десерт за вечерни дружења.
Брзиот десерт од лиснато тесто, банани и Нутела стана популарен на социјалните мрежи, а кога ќе го погледнете видеото ќе ви стане јасно зошто.

Декоративен, вкусен и пред се едноставен колач, кој може да се послужи како појадок, десерт и празничен десерт за вечерни дружења.
Потребни се три состојки и 15 минути за да се подготви, а топката сладолед или шлаг од ванила одлично ќе се искомбинираат со топлиот колач.


Состојки:
3 големи банани
1 пакување лиснато тесто
1/2 чаша Нутела
цимет за посипување
чоколаден прелив и сладолед за сервирање по желба

View this post on Instagram

A post shared by Tipbuzzfood (@tipbuzzfood)


Потребно е да се загрее рерната на 180 степени, да се покрие плехот со хартија за печење. Лиснатото тесто расукајте го во правоаголник, а горниот дел од тестото исечете го со нож, во размаци од 1 см.
На долниот дел од тестото намачкајте ја Нутелата, па излупете ги бананите, исечете ги на три дела и наредете ги на тестото. Одозгора се додава Нутела, се витка тестото и се обликува прстен. Посипете со цимет и внимателно ставете го на подготвениот плех.
Се пече 15 минути и се вади од рерна. Прелијте со чоколаден прелив по желба и послужете топло со топка сладолед.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Созонт

Светиот маченик Созонт Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во с ? го држеше Божјиот …