Користејќи само јадица за туна како мамка, 12-годишно момче од Флорида уловило голема бела ајкула. Кембел Кинан ловел риба со мајка си кога јадицата му ја каснал опасен морски предатор.
„Тоа е проклета ајкула, сто проценти“, се слуша на видеото кое го доловило сето тоа. Кога ја извлекле по околу 45 минути борба, виделе дека е долга 3,3 метри и според проценките тешка 300 килограми.
„Бев малку нервозен, не знаев дали сакам да се спротиставам на ајкула, но во исто време бев многу возбуден“, изјавил Кембел за својот улов. По големата авантура, семејството Кинан решиле да ја вратат ајкулата во океанот за експертите да можат да ги следат нејзините движења.
Фото: Принтскрин/YouTube