(ФОТО) Кејт Мидлтон воодушевила со новиот стајлинг: Прошетала во костум со едноставен крој

Под сакото, Кејт носела бела маичка, преку која дискретно паѓало златно ланче
Вчера, принцезата Кејт Мидлтон во Лондон се сретнала со светски шампиони рагбисти со хендикеп.
Таа е позната по тоа што со години поддржува спортисти од различни дисциплини, а често имаме прилика да ја гледаме на натпревари и тениски натпревари.
Принцезата за оваа пригода се одлучила за костум со едноставен крој во бордо боја.
Иако фустаните и стојат беспрекорно, Кејт докажала дека дамите можат да изгледаат стилски и во костум.

Под сакото, Кејт носела бела маичка, преку која дискретно паѓало златно ланче. Како и секогаш, принцезата од Велс ги усогласила штиклите со останатиот аутфит, а и тие биле во бордо боја.
Покрај овој аутфит, кој сигурно ќе остане запаметен, Кејт во неколку наврати носеше и други комбинации кои ги воодушевија сите.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …