Се шират нови гласини за врската помеѓу Бред Пит и дизајнерката на накит Инес де Рамон. Имено, папараците ги фотографирале додека оделе да го прослават неговиот 59-ти роденден во ресторан во Холивуд.
Првата информација дека се заедно се појави минатиот месец, кога беа видени како се држат за рака на концертот на Боно во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Со нив беа Синди Крафорд, Ранде Гербер и Шон Пен. Минатата недела извор за Us Weekly изјавил дека Инес успеала да го шармира Бред, но дека се уште не ја официјализирале врската.
„Тој не очекуваше дека ќе најде некој извонреден како Инес. Тие станаа многу блиски“, додал тој. Друг извор за People изјавил дека планираат заедно да ја дочекаат Новата година.
View this post on Instagram
Инес моментално работи за компанијата Anita Ko Jewelry. Таа беше во брак со актерот Пол Весли. Тие се разведоа во април годинава.
View this post on Instagram
Бред, кој има шест деца со Анџелина Џоли, е во процес на развод од 2019 година. Американските медиуми неодамна го поврзаа со Емили Ратајковски.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram