(ВИДЕО) ПОТПОЛНО НЕВЕРОЈАТНО – Телевизиска куќа направила огромен скандал, Мароканците, поради нивните мајки, ги споредувале со мајмуни

Данската телевизија ТВ 2 се извинила на Твитер за погрдните коментари кои ги споредуваат мароканските фудбалски репрезентативци и нивните семејства со мајмуни.
Водителот на ТВ 2, Кристијан Хог Андерсен, ги споредил снимките од прославата на мароканските играчи и нивните мајки со фотографии од неколку мајмуни како се гушкаат.

„Во продолжение на разговорот за Мароко и нивните семејства во Катар, имаме и фотографија од семеен собир на мајмуни“, рекол Андерсен, кој среде јавувањето во живо подигнал фотографија од мајмуни кои се гушкаат, велејќи дека изгледа како „семеен“ собир на Мароканците по натпреварот.
Данската телевизија изразила длабоко жалење за големиот скандал.
„Исклучително ни е жал за коментарите поврзани со програмата за животни. Длабоко се извинуваме за ова“, објавила ТВ2 на Твитер.
„Ова може да се сфати како расистички коментар, и ТВ 2 и Кристијан Хог Андерсен би сакале да понудат длабоко извинување за тоа“, се вели во соопштението.


Главниот уредник на вестите на ТВ 2, Ен Мете Свејн, признала дека коментарите биле и’ погрешни и’ навредливи.
Андерсен тврди дека никогаш немал намера да направи сосема погрешна споредба, но направил, што било сосема погрешно и навредливо. Тој, исто така, понудил безусловно извинување за неговите коментари.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …