(ФОТО) НЕ САКА ПОВЕЌЕ ДА МОЛЧИ – ПРИНЦОТ ХАРИ ПИШУВА УШТЕ 4. КНИГИ: Решил да ги открие СИТЕ семејни ТАЈНИ! Една ќе објави дури после СМРТТА НА КРАЛИЦАТА – еве и зошто!

Принцот Хари неодамна и откри на јавноста дека ги пишува своите мемоари, а сега се појавија информации дека војводата од Сасекс всушност пишува четири книги, за кои ќе добие 25. милиони долари.


View this post on Instagram

A post shared by Prince Harry (Info) (@harry.dukeofsussex)


Како што стојат работите, принцот е решен да ги открие сите тајни на своето семејство, но и да открие кој е одговорен за расистичките коментари испратени до малечкиот Арчи, од кои, според странските медиуми, најмногу се плаши принцот Чарлс.
Детали за преговорите со американскиот издавач, со кои тој се согласил за вртоглавиот хонорар, сега излегоа во јавноста.


– Тој имаше изразен став „земи или остави“ кога преговараше за цената – рекол сигурен извор од издавачката индустрија, додавајќи:
– Хари ладно им пристапи на преговорите и ги започна со 25. милиони долари. Преговарачите беа шокирани од неговиот пристап.
Шокантен детал од договорот е објавувањето на втората книга само по смртта на кралицата Елизабета (95), што било предложено токму од принцот Хари.

– Прашањето е што Хари има „во ракавот“ и кого ќе таргетира, што е навистина делумно несекојдневно, а делумно одраз на непочитување – заклучил изворот.
Објавувањето на книгата по смртта на кралицата укажува дека таа нема да биде одобрена од неа на кој било начин, но и дека Хари не е заинтересиран за мислењето на остатокот од неговото семејство.
Тој, наводно, е подготвен да ги открие најдлабоките семејни тајни на неговата баба, а неодамна за сè изјавил:
„Не го пишувам ова како принц, каков што сум роден, туку како човек каков што станав“, рекол Хари.

Извор: DailyMail

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …